Connect with us

Фудбал

Срамниот дел на Аргентинците, од Мартинез, па до Де Пол, кој порача: Кој не верувал во мене нека ми го пу*и!

Има една поговорка, бидете горди и достојни и во победа и во пораз.

Очигледно не слушнале за неа во Аргентина.

Прославата на титулата светски првак се претвори во вулгарно и срамно однесување на некои играчи.

Прв почна најдобриот голман на првенството Емилијано Мартинез, кој уште порано покажа дека бонтонот и основите на однесување му се на нула.

Кога ја доби златната ракавица, наместо достоинствено и како што доликува на човек од 30 години, ја стави на меѓуножјето и шокираше многумина со своето вулгарно однесување.

Прославувањето на титулата не можеше да се направи без да се понижи противникот. Што доволно говори за нив.

Килијан Мбапе постигна три гола, а аргентинскиот голман повторно провоцира. За време на прославата во соблекувалната во еден момент ги прекина соиграчите и побара минута молчење за Мбапе.

И тоа не е се. Николас Отаменди и Родриго Де Пол во директен пренос одговараа на прашањата на фановите, а во еден момент Де Пол категорично одговори:

– Напишавме историја. Секој што се сомневаше во мене, да ми го пу*и!

Тие се светски шампиони во фудбал, но каков пример им даваат со ваквото срамно однесување на децата кои гледаат на нив?