Connect with us

Фудбал

Срамота, очекуваме реакција! Лапорта грмеше поради контроверзната победа на Реал

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше контроверзната победа на Реал Мадрид над Алмерија и се нафрли на судиската организација.

Реал Мадрид по големиот пресврт славеше во Андалусија, надополнувајќи ја негативата од два гола, а стрелец на победничкиот гол беше Дани Карвахал во 99. минута.

Дефицитот на Претондо го надмина Џуд Белингем од пенал, а голема прашина се крена околу голот на Винисиус за 2:2, за кој многумина сметаат дека е постигнат на недозволен начин – со рака.

Посетувајќи го настанот „Гран Гала“ организиран од каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, Лапорта се осврна на играта за која во последните денови најмногу се зборува во Шпанија.

– Тоа што се случи на Бернабеу е срам. Мислам дека судиската организација треба да одговори на серијата притисоци на кои се изложени судиите оваа сезона. Доколку нема реакција од нивна страна, ќе бидеме многу загрижени, бидејќи веруваме дека некои од нив ќе ги напуштат своите позиции – e пораката на Лапортa.

Минатиот викенд и Барселона направи пробив во самиот финиш на натпреварот со головите на Жоао Феликс и Феран Торес.

– Во секој случај, среќни сме што победивме. Можевме да ја намалиме предноста на Реал, но тоа не се случи поради судиските одлуки во Мадрид и одлуките од ВАР просторијата – изјави Лапорта.