Connect with us

Фудбал

“Србија не покажа ништо, провоцираа пред мечот, седум играчи го нападнаа Џака, а заборавија да играат на теренот”

Поранешниот хрватски репрезентативец од Косово, Кујтим Шаља ги коментираше случувањата на натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.

-Знаете што, фудбалот е игра што се игра на зелен терен. Но, провокациите од српската репрезентација почнаа многу пред тој натпревар. Зошто? Па Џака е швајцарски репрезентативец, таму живее неговото семејство. И не гледам причина некој да го провоцира. Читам дека Пикси Стојковиќ го пцуел со ‘Матер Шиптарска’. Апсолутно е за осуда и реакцијата на ФИФА. Па, видовте по натпреварот, седуммина српски играчи го напаѓаат Џакa. Зошто? Затоа што ја славеше победата. Србија беше толку лоша на овој турнир, не покажа ништо и сега ги извади своите фрустрации на еден играч“, рече Шаља.