Connect with us

Други спортови

Србија во полуфиналето на АТП Купот

Тениската репрезентација на Србија стигна до полуфиналето на АТП Купот.

Србија ја победи Канада со 3:0 во Сиднеј со голема поддршка од трибините.

Првиот поен за Србија го обезбеди Душан Лајовиќ, кој го победи Аугер-Алиасиме со 6:4, 6:2, а потоа Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов во три сета.

Одличен натпревар, Шаповалов поведе со 6:4, а потоа Новак славеше со 6:1 и во одлучувачкиот сет со тај-брејк доаѓа до победа.

На крајот, славеа и на српските двојки Виктор Троицки/Никола Чачиќ против Канаѓанецот Питер Полански/Адил Самасдин 6:3, 6:2.

Србија во полуфиналето очекува дуел со Русија, додека Австралија и Белгија или Шпанија играат во другото полуфинале.