Connect with us

Фудбал

Средба лице в лице: Соочувањето помеѓу Кабиб и Роналдо предизвика многу внимание, имаше и лажна тензија

Она што е Кристијано Роналдо во фудбалот, Кабиб Нургмагомедов беше во УФЦ додека не се збогуваше.

Роналдо и Хабиб се одлични пријатели со години, а за викендот се сретнаа по долго време.

Поранешниот руски борец беше во Англија каде ги гледаше натпреварите на Манчестер Јунајтед – Евертон и Ливерпул – Манчестер Сити.

По тој повод, тој ја посети и португалската sвезда, со која имаше и соочување, како што тоа го правеше пред борбите.

Објавувањето на самото видео привлече големо внимание. На видеото може да се види дека и двајцата се воздржуваат од смеење, а првиот што попушти беше Роналдо.

Инаку, Хабиб претходно доби и дрес на Роналдо од Манчестер Јунајтед. За време на неговата посета на Олд Трафорд, тој разговараше и со сер Алекс Фергусон.

Тој призна дека легендарниот тренер на „Црвените ѓаволи“ му понудил чаша вино, а тој објаснил како го одобил.

Сите знаат дека Хабиб е муслиман, и дека неговата вера е на прво место, но тој не сакаше Фергусон да каже дека не пие алкохол, но тоа го направи на начин што ги насмеа сите.

„Сите знаат дека сум муслиман, дека јадам халал храна и не пијам алкохол. Денес Алекс Фергусон ме праша дали ќе пијам чаша вино. Размислував како да му објаснам дека сум муслиман. Јас само му реков ‘не е добро да пиеш, бидејќи ќе ги „скршам“ сите луѓе што се тука. Тоа не е добра идеја“, рече Кабиб, додавајќи.

„Не е лесно да се биде муслиман, но во исто време не треба да си го отежнуваш тоа. Само биди добар човек и покажи му дека си муслиман. Евра и Болт разбраа, но и Фергусон кој не сакаше да ги „скршам“ сите таму и само рече: ’Добро, не треба да пиеш вино’“.