Connect with us

Фудбал

Средбата траеше скоро два часа и сè уште нема договор

Хакан Чалханоглу може да го напушти Милан на крајот на оваа сезона како слободен агент бидејќи неговиот договор истекува.

Чалханоглу е еден од најдобрите играчи на „росонерите“ оваа сезона, но преговорите за неговиот нов договор траат со месеци.

Турскиот репрезентативец се уште нема донесено одлука дали ќе остане на „Сан Сиро“ бидејќи се шпекулира дека на крајот на оваа сезона, како слободен играч, би можел да замине во Јувентус.

Италијанските медиуми денес објавија дека неговиот агент се состанал со челниците на Милан и дека средбата траела скоро два часа.

Но, на крајот беше потврдено дека сè уште не е постигнат договор. Милан му нуди четири милиони евра годишно на овој играч за врска, додека тој бара пет и се чини дека тоа е главниот проблем.

Милан нема многу време за преговори затоа што Чалханоглу би можел да се сврти кон други понуди затоа што има право да преговара со други клубови.