Фудбал
Среќа во Реал: Бензема повторно тренира
Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Карим Бензема повторно тренира. Францускиот напаѓач е надвор од терените од почетокот на септември поради повреда на бутот.
Бензема ги пропушти последните три натпревари на Реал, како и натпреварите на Франција во Лигата на нации.
За среќа на Реал, тимот на Анчелоти не испушти бодови и без својот најдобар стрелец. Бензема најверојатно ќе биде достапен за натпреварот против Осасуна во недела.
💬 @Benzema: "Estoy feliz y tengo ganas de jugar el domingo."#RealMadridOsasuna pic.twitter.com/0Uzfj0O2q0
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 28, 2022