Тајмаут
Среќна Нова година!
Драги наши редовни и оние кои моментално ја читате оваа честитка,
Редакцијата на Спорт М Ви ја честита новата 2018. година со желби за многу здравје, среќа, успех, љубов, пари…
Иако млад медиум, успеавме во изминатите осум месеци да Ви пренесеме се она што се случуваше на спортската сцена.
Сликата Ви ја пренесувавме директно од местото на сите големи спортски случувања, како во земјава така и надвор од неа. Така продолжуваме и во новата година. Брзо, точно, проверено и објективно да Ви ги пренесуваме вестите од спортот.
Ви благодариме вам и на нашите деловни соработници со кои во изминатата 2017. година имавме одлична соработка.
Среќна нова 2018. година и весели новогодишни и божиќни празници!
Редакција
Спорт М