Connect with us

Фудбал

Српски фудбалер со нож нападнал тренер во Чешка

Невообичаена вест доаѓа од Чешка, каде српскиот фудбалер Бојан Ѓордиќ направи тешка несреќа на тренингот на второлигашот Варнсдорф.

Чешките медиуми пишуваат дека Ѓордиќ од засега непознати причини со нож го нападнал тренерот на голманите Радек Порчал, по што бил уапсен од полицијата.

Полицијата го уапсила српскиот фудбалер, кој е во притвор и во тек е истрага за лудиот потег на фудбалерот.

„Не би сакал да коментирам ништо додека полицијата не ги открие деталите, но нашиот фудбалер не разочара“, изјави шефот на клубот Властимил Габриел.