Фудбал
„Срцето се уште ми крвари, со свои очи видов како глуми Стерлинг“
Данската фудбалска репрезентација одигра феноменално на неодамна завршеното Европско првенство.
Данците стигнаа до полуфиналето каде беа поразени од Англија на контроверзен начин, а во продолженијата победата ја донесе на домашниот тим Хари Кејн.
Голманот Каспер Шмајхел одбрани пенал на Кејн кој го изнуди Рахим Стерлинг, но напаѓачот на Гордиот Албион погоди од вториот обид за победа од 2:1.
После натпреварот, многумина сметаа дека пенал не постои и дека Стерлинг се преправаше дека е во контакт.
Шмајхел искрено рече дека не ја поддржуваше Англија во финалето поради начинот на кој ја победија неговата селекција.
„Не ме интересира премногу што Италија е шампион, но не сакав Англија да победи заради судењето против нас во полуфиналето“, рече Шмајхел и додаде:
„Срцето се уште ми крвари, бидејќи со свои очи видов дека Стерлинг глуми. Чиста глума. Ако победеја на фер начин, ќе навивав за Англија во финалето. Сепак, сега се е во минатото“, изјави голманот на Лестер.
Да потсетиме, Италија во финалето ја совлада Англија по пенали со 3: 2. По 120 минути игра резултатот беше 1:1.