Connect with us

Фудбал

Стана сосема поинаков тип: Фасцинантно интервју на Клоп по ремито на „црвените“

Ливерпул благодарение на пеналот остана без полн плен на гостувањето кај Брајтон, натпреварот заврши 1:1.

Јирген Клоп беше сосема поинаков по натпреварот од оној што го видовме во некои претходни изданија.

ВАР повторно не отиде во прилог на Ливерпул, но Клоп не сакаше овојпат да наседне на замката на новинарите.

„Офсајд кај Мохамед Салах беше многу близу, навикнати сме да одлучуваат пазувите или клупскиот знак на дресот, но ако прстот е во офсајд, тогаш е во офсајд. Мислам дека одлуката беше вистинската“, рече Клоп.

„Се обидувате да направите ударни вести од мене. Секогаш се обидувате. Па денес ќе кажам дека тоа беше пенал и не сме среќни. Велам дека тоа е пенал затоа што судијата го досуди тоа“.

„Јас сум горд на моите момци. Момчињата играа како што треба да играме, се боревме во првиот половина час. Тешки времиња се, едноставно е така“.

Клоп се пожали и на распоредот на натпреварите.

„Не е исто кога играме во 16 часот или 18:30 часот. Различно е. По средата, опасно е играчите да играат од 13:30 часот. Зошто не избравте нас, ако носителите на ТВ-права се грижат за играчите?“, се прашуваше Клоп.