Connect with us

Други спортови

Станав за да му покажам на светот дека се е можно!

Поранешниот шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, се врати по психолошките проблеми поради кои неговиот живот висеше на конец, откако и самиот призна дека планирал да се самоубие. Тој беше одличен во борбата против еден од најопасните боксери во светот и шампион на ВБЦ-појасот во тешка категорија – Дионтеј Вајлдер. Многумина сметаа дека Фјури лошо ќе помине во овој спектакуларен меч, но спротивно на очекувањата, се справи многу добро и според многумина победи во борбата, која официјално заврши нерешено.

Друг дел од фановите, пак, сметаат дека Фјури загубил, бидејќи не се кренал навреме по тешкиот нокдаун во 12. рунда, но тоа веќе е историја и се ќе се реши на реваншот.

Тајсон одлучи овој пат да ги охрабри луѓето дека веќе целосно ги надминал психичките проблеми, а воедно изјави дека се кренал по нокдаунот за да му покаже на светот дека се е можно.

  • Многу мажи би останале на подот по таков тежок нокдаун од Дионтеј Вајлдер, но сакав да му покажам на светот дека се е можно и без разлика колку е тешко во животот и што и да поминуваш, секогаш треба да продолжиш напред и да се бориш. Поради моите проблеми со психата, мора да зборуваме и да го шириме тоа во целиот свет. Има многу луѓе кои живеат во темнина и се плашат да зборуваат за тоа со другите. Ако јас можев да се справам со ова, тогаш може секој. Јас веќе целосно го надминав тој период, откри Британецот.