Connect with us

Фудбал

„Старата дама“ ќе го донесе Рабио, но судбината на Пјаниќ не се менува

Францускиот фудбалер Адриaн Рабио би можел да го напушти ПСЖ, а како негов нов клуб се повеќе се споменува Јувентус.

Како што пишуваат француските и италијанските медиуми Рабиот одби да го продолжи договорот со ПСЖ кој му истекува наредната година, а во Јувентус се обидуваат да го искористат тоа.

Имено, „Старата дама“ која и претходно покажуваше интерес за овој 23-годишен фудбалер наводно е подготвена да издвои 20 милиони евра за Рабиот, односно колку што бара актуелниот француски шампион.

Италијанските медиуми напоменуваат дека евентуалното доаѓање на Рабиот не значи заминување на Пјаниќ за кој се претпоставува дека во наредните денови ќе потпише нов договор со Јувентус.