Фудбал
„Старата дама“ се засилува во јануари: Двајца играчи на Реал доаѓаат во Јувентус?
Фудбалерите на Реал Мадрид, Марсело и Иско, најверојатно ќе играат во Италија од јануари, поточно во Јувентус.
Актуелниот шеф на клубот од Мадрид, Зинедин Зидан, не ги гледа Иско и Марсело во своите планови, па шпекулациите за нивното заминување добиваат уште поголема тежина.
Според некои шпански медиуми, Старата дама ќе плати за Иско 40 милиони евра, додека Марсело во јануари ќе го раскине договорот со Реал со цел да му се приклучи на Јувентус.
Иско во Реал пристигна во 2013 година од Малага, додека Марсело е во Реал од 2007 година, а во Мадрид пристигна од Флуминенсе.