Connect with us

Фудбал

„Стариот“ го врати куферчето во базата – ќе се реинкарнира оној победнички ДНК во Манчестер!

Бомбастично утрово одекна веста дека на помош кај Оле Гунар Солскјер доаѓа стариот лисец, искусниот Сер Алекс Фергусон.

Познато е дека шкотскиот стратег пред неколку месеци се соочуваше со животна драма, ја надживеа смртта, се врати на стадионот, а сега се враќа и во служба на клубот, со помош на Оле да се обидат да го вратат на вистинските патеки.

Фергусон сигурно дека нема да му биде асистент на Солскјер на терен, но ќе има поголема минутажа во клупските канцеларии, повеќе состаноци и совети до норвешкиот тренер, како и на кој начин да го закрпат Манчестер Јунајтед и да ја санираат штетата која претходните четири тренери непоправливо им ја вбризгуваа.

Факт е дека Јунајтед нема освоено голем трофеј по заминувањето на Алекс Фергусон, освен ако не се смета за голем оној од Лига Европа кој пред две сезони го освои Жозе Мурињо.

Шкотланѓанецот го врати своето работничко куферче во клубот, со кое замина пред неколку години, па сега очекувањата кај навивачите веројатно малку и ќе пораснат.

Се уште е неизвесно дали Оле Гунар Солскјер ќе добие шанса да го води клубот и следната сезона, а за тоа пресуден ќе биде веројатно резултатот од оваа сезона, дали клубот ќе биде во топ4.

Првичната цел на Алекс Фергусон ќе биде да му биде стручен консултант на Оле околу тактиките на клубот, во нешто од трансфер периодот и регрутирањето на нови кадри ако им бидат отстапени финансиски средства оваа зима, па дури на крај од сезоната да се видат реалните резултати.

Ситуацијата е сурова за Оле Гунар Солскјер, тој колку и да е добар и ефективен, сепак има краток период, за клубот детално да анализира и процени дали тој има капацитетот да го води овој џиновски клуб, во кој и тој самиот имаше голем удел во минатото.

Многу од навивачите на Манчестер Јунајтед, симболично се прашуваат дали Фергусон ќе му го отстапи фенот на Солскјер во соблекувалните на клубот до крајот на сезоната.

Извор: sportclub.mk