Фудбал
Стигна објаснување, еве зошто Донарума не можел да го добие бројот 99 на дресот во ПСЖ
Херојот на Италија од штотуки завршеното ЕП, голманот Донарума пред неколку дена потпиша за ПСЖ како слободен играч откако му заврши договорот со Милан.
Тој го задолжи дресот со бројот 50, иако инсистирал да го добие бројот 99 кој што го носел во Милан. Во селекцијата на Италија го носи бројот 21, но тој бил зафатен.
Но, 99 не го добил поради правилата во Франција, односно Лига 1. Имено, со оглед на тоа дека броевите 1, 16 и 30 кои се резервирани за голманите во француската лига, биле зафатени во ПСЖ, Донарума морал да избере друг број. Со оглед на тоа дека во Лига 1 не е дозволено голманите да носат броеви како што е 99, тој го одбрал бројот 50.
Инаку, Донарума го носи бројот 99 од почетокот на неговата кариера, бидејќи тоа е годината кога се родил, односно 1999.