Фудбал
Стигна одговорот кој со нетрпение се чекаше во редовите на Барселона
Американскиот репрезентативец Сергино Дест ќе остане член на Барселона.
20-годишниот фудбалер дојде од редовите на Ајакс минатата година, а за Каталонците постигна два гола и една асистенција на 30 натпревари во Ла Лига.
Неговата моментална вредност е 30 милиони евра и беше на радарот на неколку европски клубови. Се зборуваше за негово заминување во Борусија Дормтунд, но тој сепак ќе остане во редовите на Барселона.
Оваа информација ја пренесе и познатиот новинар Фабрицио Романо.
Despite rumours about negotiations/potential proposals, Sergiño Dest is not planning to leave Barcelona this summer. He wants to stay and he’s not considering any other option. ?? #FCB #Barça
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 19, 2021
Дест започна во младинските категории на Алмере каде одлично се снајде, а после тоа се пресели во Ајакс и ги мина сите селекции на тимот од Амстердам.
Тој можеше да избере помеѓу репрезентациите на Холандија и САД, на крајот се одлучи за САД, а за споменатата селекција веќе има одиграно 11 натпревари и постигнато еден гол. Тој исто така има 22 настапи за младинските екипи на САД.
Дест игра како бек, но може да ја покрие и позиција на крило по потреба.