Фудбал
Стивен Џерард заработи отказ
Стивен Џерард и официјално заработи отказ од клупата на Астон Вила. Очекувано по поразот од Фулам и откако беше навредуван од навивачите, клубот излезе со кратко соопштение. Вила е во лоша серија, над линијата за испаѓање е само на гол разлика, а освен ветувачки старт, Стиви Џи не покажа дека е може да го води тимот успешно.
Виља летово потроши околу 60 милиони евра на засилувања, а се вели дека нема да жалат пари за да доведат врвен тренер. Првата желба е Покетино, заедно со него е и Тухел, двете најголеми имиња на пазарот.
Англиските медиуми пишуваат дека новиот тренер ќе биде еден од најплатените во светот, па со тоа сакаат да привлечат големо име.
Во секој случај се чека нов тренер, викендов Астон Вила го пречекува Брентфорд, но многу е тешко да се очекува дотогаш да се реши прашањето.