Connect with us

Фудбал

Стојанов: Задоволен сум од полусезоната

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов, е задоволен од постигнатите резултати на неговата екипа во досегашниот дел од првенството.

Во својот дебитантски настап во Првата македонска фудбалска лига, струмичани се наоѓаат на 4. место по 18. кола со 25 освоени бода.

– Генерално јас сум презадоволен од нашите настапи од нашиот пласман на табелата по првата полусезона, но секако сум и разочаран од пропуштената шанса да освоиме повеќе бодови. Мислам дека ни избегаа шест до осум бода во последните минути на три-четири натпревари, каде примавме гол пред самиот крај. Се надевам дека во вториот дел ќе бидеме уште подобри. Играчите ја согледаа силата на останатите екипи и знам дека во вториот дел ќе прикажат подобри игри за уште подобар пласман, изјави Стојанов за клупската веб страница.

Тој додава дека во случај на укажување шанса за излез во Европа, неговите фудбалери ќе се обидат на најдобар можен начин да ја искористат.