Connect with us

Фудбал

Стојковиќ: Сакам Србија да го игра најубавиот фудбал во Европа

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси сака српската репрезентација да добие признание по атрактивниот фудбал и да игра најубаво на Стариот континент.

Неодамна Србија со победата над Португалија (2:1) во Лисабон избори директен пласман на Светското првенство во Катар, а и Стојковиќ сака неговата репрезентација да игра добро и за око.

„Мислам дека техниката е најубавата компонента на фудбалскиот натпревар. Кога луѓето купуваат билет и доаѓаат на стадион, сакаат да видат добар натпревар, убави потези, многу голови и многу удари кон голот. Сакам да играме таков фудбал. Сакаме навивачите да се гордеат со нас и да не наградуваат со аплауз дури и кога губиме, иако нема да загубиме“, рече Пикси.

Србија сега ја чека ждрепката на групите за Светското првенство во Катар, додека зад себе ја остави Португалија, која предводена од Кристијано Роналдо мора да оди во плеј-офот.

Реклама

Facebook

Реклама