Connect with us

Фудбал

Столе Димитриевски пред дуелот со Англија: Да покажеме дека 7:0 од „Олд Трафорд“ не е вистинската слика за нас

Македонската фудбалска репрезентација вечерва 20:45 часот против Англија во Скопје ги затвора овие квалификации за ЕП. Се сеќаваме дека на гостински терен поминавме многу лошо, загубивме со катастрофални 7:0.  Сепак, нашиот голман вели дека ова е нов натпревар и се надева дека се ќе биде поинаку.

-Одигравме навистина многу тежок натпревар со Англија на Олд Трафорд. Резултатот не беше реален со оглед на нашиот квалитет, но тоа е фудбал, се случуваат и такви работи. Научивме многу од тој натпревар, ни следни нов, на кој треба да покажеме и докажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас.

-Играме пред нашата публика, треба да го дадеме максимумот, да одиграме одличен натпревар и да се покажеме во вистинско светло.

-Сепак, ние сме една репрезентација која има доста нови играчи, во дефанзивата и сите редови. Потребно е време за да се запознаеме и ускладиме, да одиграме заедно натпревари, тоа е факт. Мора многу подобро да работиме, цел тим во дефанзива, не само јас или одбраната. Треба да сме пофокусирани бидејќи примаме доста голови поради ситни детали кои се пресудни. По овој натпревар ни следат четири пријателски, за да се подготвиме за Лигата на нациите, вели Столе Димитриевски: