Фудбал
Стопирани преговорите Спалети – Милан!
Преговорите меѓу Лучијано Спалети и Милан се чини дека застанаа. Како што неодамна известија медиумите во Италија, причина за ваквиот застој е Интер.
Спалети има тековен договор со Интер уште две години, каде би добил вкупно 10 милиони евра. Ова е и причината зошто преговорите меѓу страните застанаа, бидејќи челниците на Интер бараат да се искористи максимално оваа ситуација.
Спалети би добил уште 5 милиони евра од Интер (само една година исплата),но тие бараат начин да платат помалку. Сопствениците на Интер сакаат да ја искористат желбата на Спалети да се пресели во Милано.