Connect with us

Фудбал

Страшна ноќ за играчите на Барселона: Прво огномет, а потоа натрапник во хотелот го активираше алармот за пожар

Фудбалерите на Барселона играат вечерва против ПСЖ во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар ПСЖ го доби со 4:1 и веќе е со една нога во четвртфиналето, но Каталонците им покажаа на парижаните претходно дека не треба да се отпишуваат така лесно.

Експедицијата на Барса пристигна вчера во Париз и престојува во хотел во центарот на градот, но имаа непроспиена ноќ.

Имено, навивачите на ПСЖ синоќа ги тероризираа играчите на Барселона затоа што во четири часот утрово направија огромен огномет, што разбуди голем број парижани.

Но, тоа не е сè затоа што само еден час подоцна тие го активираа алармот за пожар во хотелот по што целиот тим беше евакуиран. Полицијата го пронашла лицето кое го сторило тоа и потврдено е дека станува збор за навивач на ПСЖ.

Тој претходно резервирал соба во овој хотел за да може да направи хаос, а утрово беше уапсен.