Тајмаут
Сцената кога Тајсон ја затекна својата сопруга со Бред Пит: Ме молеше да не го удрам …
Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон сè уште се сеќава на ситуацијата кога ја затекна поранешната сопруга Робин Гивенс со Бред Пит.
Тоа се случи во моментот кога Мајк започна постапка за развод со Робин. Влегол дома, и ја видел својата тогашна сопруга, со познатиот актер.
Мајк не ги најде во кревет, но јасно е дека токму ова сценарио би следело доколку тој пристигнел само малку подоцна.
Денес тој ја објаснува реакцијата што Бред ја направи кога го виде:
„Кога ме виде, тој беше целосно блед. Јасно можеше да се види дека е на некои дроги и почна да ме моли да не го удрам“, рече Мајк.
За разлика од Мајк, кој неколку пати ја раскажа оваа сцена, легендарниот актер никогаш не се огласил на оваа тема.