Connect with us

Фудбал

Студен туш за Барселона, мака мачат со финансиите, а Чави им бара 12 милиони годишно!

Барселона се уште не е подготвена да ги исполни финансиските барања на Чави за нов договор.

Четириесет и тригодишниот тренер на Каталонците бара плата од 12 милиони евра по оданочување, објави радио „Кадена СЕР“.

Ако се земат предвид платите на Чави и на целиот негов тренерски штаб пред оданочување, сумата е 30 милиони евра.

Сега позициите на тренерот и Барселона се многу далеку една од друга. Чави има договор со клубот до 30 јуни 2024 година.

Минатата сезона Барса го освои шампионатот и шпанскиот Суперкуп. з