Connect with us

Фудбал

Суарез на маса има понуда која тешко се одбива

Како што тврди „Мундо Депортиво“, 33-годишниот уругвајски напаѓач има понуда од МЛС лигата, поточно од Интер Мајами на Дејвид Бекам. Засега не се знаат деталите и финансиската тежина, но „Мундо Депортиво“ тврди дека Суарез изразил желба да замине во овој тим.

Тој има договор со Барселона за уште една година, па останува да се види дали каталонскиот тим ќе го пушти пред истекот на истиот или Уругваецот ќе се пресели во МЛС лигата следната година.