Connect with us

Фудбал

Суарез: Најмногу ме погоди што во Барселона ми рекоа дека сум престар и неможам да играм на високо ниво

Луис Суарез игра фантастично. Тој и неговиот Атлетико Мадрид се лидери на табелата со 55 бодови, а Уругваецот има 16 постигнати голови во моментов исто колку и Лионел Меси. Во интервју за „Франс фудбал“ Суарез се отвори и рече дека заминувањето од Барселона му паднало тешко, но најмногу го погодило тоа што му кажале дека е престар и дека не може да игра на високо ниво. Сепак, со партиите во Атлетико Мадрид тој ги демантира.

„Многу бев навреден кога ми рекоа дека сум престар и дека не можам да играм повеќе на врвно ниво. Тоа ме повреди, зашто да немав ништо направено три-четири сезони за клуб како Барселона, ќе го прифатев тоа нормално, ама јас секоја сезона за Барса давав преку 20 гола. Секогаш имав добра статистика, веднаш зад Лео. Сега гледате, многумина дојдоа во Барса, ама не го достигнаа нивото кое се очекува од нив, а јас шест години играв константно и живеев со тоа што се очекува од мене. Заслужив поголем респект за тоа што го направив, а не навреда. Не можев да се жалам на нивната одлука, зашто тие веќе решија, изјави Суарез.

Суарез има 34 години, а со головите и настапите во Атлетико Мадрид покажа дека во Барселона не биле во право.