Фудбал
Суарез не попушта, одбил неколку милиони од Барса за да замине
Шпанските медиуми известуваат дека Луис Суарез одбил 7 милиони евра од Барселона за спогодбено раскинување на договорот. Тоа е последната во низа понуди кои ги добил Уругваецот, откако новиот тренер Роналд Куман на фудбалерот, но и на раководството соопштил дека не смета на неговите услуги.
Суарез во последните неколку денови одбил понуди од МЛС лигата, од негов ангажман се откажа Јувентус, бидејќи не може да стигне да го пријави за Лигата на шампионите.
За да замине, Суарез секако бара повеќе од Барселона, бидејќи има уште една година договор со Каталонците и сака да му се исплати целата плата која изнесува 15 милиони евра.
Доколку не замине до 5-ти октомври можно е да остане до крајот на својот договор, но секако најверојатно поголемиот дел од времето ќе го помине на клупата за резервни фудбалери.