Connect with us

Фудбал

Суарез во хуманитарна акција: Купи 1000 Биг Мек и ги донираше на деца од Уругвај

Уругвајскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез учествуваше во добротворната акција.

Имено, овој 33-годишен напаѓач купи и донираше 1000 Биг Мек во рамките на годишната промоција што Мекдоналдс ја одржува во Уругвај.

Суарез ги купи хамбургерите додека беше во Шпанија преку платформата МекДеливери и плати 4.750 евра.

Целиот приход од набавката на хамбургерите е дониран на Здружението на Роналд Мекдоналд Хаус и деца од училиштето „Лисео Импулос“, а Суарез реши да ги донира сите Биг Мек на децата од малото гратче на 32 километри од главниот град на Уругвај, Монтевидео.