Фудбал
Суарез замена за Фабрегас
Доколку предвреме биде прекината соработката со шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас, раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, ќе се обидат во своите редови да го донесат неговиот сонародник од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Денис Суарез.

Фабрегас најверојатно ќе биде продаден на италијанскиот калчолигаш Милан за околу 10 мил. евра, а истата парична сума ќе биде потрошена за обесштетувањето на Суарез, кој веќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на “Ноу Камп”.