Connect with us

Фудбал

Судија поради поткуп исфрлен од Светското првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска донесе одлука да го исфрлат судијата Фахад Ал Мирдаси од Светското првенство.

ФИФА на овој потег се одлучи по доживотната суспензија во неговата земја, бидејќи тој барал мито од раководството на Ал Итихад да им помогне да го победи Ал Фаисали.

Лидерите на овој клуб го пријавија овој случај. Фудбалската федерација на Саудиска Арабија реагираше брзо и Ал Мирдаси беше доживотно суспендиран од фудбалот.

Ал Мирдаси беше еден од 36-те судии кои беа избрани да судат на Светското првенство, но воопшто нема да патува во Русија.