Connect with us

Тајмаут

Судијата не беше на натпреварот? Сите го видоа прекршокот на Суарез, освен него

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид минатата ноќ одиграа уште еден феноменален натпревар кој на крајот заврши со резултат 2: 2.

Ел Класико повторно ни понуди многу возбуда на теренот, иако на овој натпревар немаше некој значаен резултат. На крајот, Барселона успеа да остане непоразена и да продолжи со неверојатна серија, иако Реал во второто полувреме играше со играчот повеќе.

На почетокот на вториот дел Каталонците поведоа со 2-1, кога Лионел Меси постигна одличен гол. Сепак, пред тоа беше очигледно дека Луис Суарез го фаулира Рафаел Варан, но судијата не досуди прекршок и во продолжение на акцијата Кралевите примиа гол.

https://twitter.com/nealcol/status/993228631357972481