Connect with us

Фудбал

Судиска лакрдија, утврдено е дека судијата од ВАР собата два пати ја оштетил Алмерија против Реал Мадрид, дали судиите ќе бидат суспендирани!?

Техничкиот комитет за судии во Шпанија, според извештаите на радио емисијата Ел Ларгуеро, утврдил дека судијата во ВАР собата сериозно ја оштетил Алмерија на натпреварот против Реал Мадрид во два случаи.

Во Шпанија, медиумите веќе неколку дена интензивно се фокусираат на арбитражата на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, на кој „кралскиот клуб“ победи со 3:2 по негатива од два гола. Во Алмерија беа револтирани од судиските одлуки, а особено на удар беше судијата во ВАР просторијата Алехандро Ернандез, кој според Алмерија требало да досуди во корист на домашниот тим при сите критични одлуки.

Во Алмерија го свртеа вниманието на дури три контроверзни настани – поништен гол, контроверзен пенал досуден во корист на Реал Мадрид и контроверзен гол на Винисиус каде употреби рака.

Шпанската радио емисија „Ел Ларгуеро“, која важи за една од најслушаните во Шпанија, открива дека техничкиот комитет на судии (CTA) внимателно ги анализирал сите спорни ситуации и дошол до заклучок дека Ернандез направил две големи грешки.

Првиот беше споменатиот пенал, во кој дефанзивецот на Алмерија Каики не играше со рака, а вториот беше голот на Винисиус, каде исто така беше видливо дека Бразилецот постигна гол со рака. Судиската организација допрва треба да излезе со официјално соопштение, но наскоро ќе биде јасно дали Ернандез и главниот судија на мечот Франциско Хозе Ернандез Масео ќе бидат суспендирани.