Connect with us

Тајмаут

Суперкомпјутерот на ФИФА го предвиде победникот на Светското првенство

Светската фудбалска федерација со помош на вештачка интелигенција направи симулација за исходот на претстојното Светско првенство во фудбал.

Според симулацијата на суперкомпјутерот, Франција ќе игра во финале со Германија, а резултатот во регуларниот дел и во продолженијата ќе биде 1:1, и Франција во изведувањето на пеналите ќе биде подобра (4:3) и ќе стане новиот светски шампион.

Што се однесува до репрезентациите од регионот, според прогнозите Србија нема да ја помине групната фаза, додека Хрватска ќе стигне до четврт-финалето, а таму ќе испадне од Шпанија.