Connect with us

Фудбал

Сусо и Бришки нови играчи на Вардар (ФОТО)

Кеба Кебел Сусо е нов играч на ФК Вардар. 26 годишниот напаѓач од Гамбија доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари,  а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.

Воедно, нов играч на Вардар е и 25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки. Игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч, потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во нашите редови доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.