Connect with us

Други спортови

Светот на боксот во шок: Осумнаесетгодишна боксерка се бори за живот после нокаут (ВИДЕО)

Младата 18-годишна мексиканска боксерка, Џeанет Закариас Запата, се бори за живот откако пред неколку дена беше нокаутирана од канаѓанката Мари-Пјер Хул.

Боксерската ноќ во Монтреал веќе може да се каже, заврши трагично бидејќи и да преживее, прашање е дали младата Запата ќе остане без последици.

Запата беше нокаутирана во четвртата рунда и во првиот момент немаше идеја дека ќе има трагедија. Сепак, дваесетина секунди по нокаутот, Запата почна неконтролирано да се тресе и беше изнесен од рингот на носилки.

Веднаш била пренесена со амбулантно возило во болницата Сакр-Коер во Монтреал, а лекарите веднаш ја привеле во вештачки предизвикана кома по приемот. Првичните прогнози не се оптимистички, а четири дена по трагедијата, Запата се уште е во кома.

„Кога дојде во болница, таа беше во критична состојба. Лекарот се грижеше како ќе помине ноќта. Искрено, тие не и дадоа голема шанса, но состојбата донекаде се подобри. Се уште е во критична состојба , и следните шест недели се клучни во одредувањето дали и колку има оштетување на мозокот“, рече промоторот на натпреварот Ивон Мишел.

По натпреварот, се огласи и Мари-Пјер Хул, која посочи дека се чувствува одговорна иако е свесна дека вакви работи се можни во боксот.

„Се чувствувам одговорен, иако знам дека повредите се дел од ризикот за нашата професија“, рече канаѓанката, додавајќи:

„Знам дека ќе треба да го надминам ова за да ја продолжам кариерата. Се е премногу свежо за неа сега и не сакам да размислувам за ништо друго освен за Запата и нејзиното семејство кое е во Мексико и не може да бидат во близина нејзиниот кревет“.