Connect with us

Фудбал

Светско, а неше – Блерим Џемаили од Тетово во селекцијата на Швајцарија на СП

Светско, а наше. Сите го гледаме, но повеќе не знаеме дека потекнува од Македонија. Имено Блерим Џемаили кој е играч од средниот ред на екипата Монтреал Импакт оваа година на Светското првенство ги брани боите на Швајцарија.

Иако во текот на вчерашниот ден не успеа да постигне гол, сепак нивниот противник Бразил не беше толку силен за да ги надигра. Па натпреварот заврши нерешено.

Блерим Џемаили има 32 години и роден е во Тетово, под Шар Планина. Фудбалерот со Македонско потекло е играч од средниот ред на Монтреал Импакт на заем од Болоња.

Џемаили како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година.

Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон, каде што играл до 2009 година.

Потоа преминува во ФК Торино, за веднаш потоа да премине во Парма. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати до 2009 година.