Connect with us

Фудбал

Свирежи за време на минута молк Цирих – Арсенал (ВИДЕО)

Пред почетокот на второто полувреме од натпреварот меѓу Цирих и Арсенал, двете екипи се собраа во централниот круг на теренот и со минута молчење одржаа спомен на кралицата Елизабета Втора.

Долгогодишниот монарх почина вчера на 96-годишна возраст. Трагичната вест дојде неколку минути пред да продолжи играта.

Во поголемиот дел од минутата владееше молк, а домашните навивачи покажаа почит, иако имаше неколку исвиркувања непосредно пред судијата да свирне.

Натпреварот на Арсенал беше меѓу раните во Лига Европа. Подоцна и Манчестер Јунајтед го започна своето учество на вториот најсилен европски клупски турнир.