Други спортови
Тајсон е предмет на потсмев, откако не успеа да ја искине маицата (ВИДЕО)
Мајк Тајсон се појави во рингот синоќа и повторно беше гостин меѓу борачите на Федерацијата AEW.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се соочи со Крис Џерих по десет години, човекот кој го одглуми неговиот нокаут во 2010 година.
Следи „пресметка“ во рингот. Секако, започна и организираната борба, но сите зборуваат за тоа што се случило пред почетокот на пресметката.
It's never a good idea to threaten Mike Tyson ? pic.twitter.com/oXwrxxQdfx
— TSN (@TSN_Sports) May 28, 2020
Познатиот Железен Мајк имаше огромни проблеми со кинење на маицата. Тој не успеа да ја искине, но некако успеа да се извлече и конечно да започне пресметка.
Потоа, во рингот се појави хаос, и секако сето ова беше за гледачите до ТВ-екранот.
Сепак, навивачите наскоро почнаа да го исмеваат Тајсон бидејки не успеа да ја искине маицата, а многумина му рекоа:
„А едноставно да ја собличеш“.