Connect with us

Други спортови

Тајсон се присети на најмрачните денови, кога претепал седум проститутки

Во разговор за странските медиуми, Мајк Тајсон ја откри можеби најтемната епизода од својата животна приказна. „Железниот“ Мајк се присети како претепал седум проститутки додека консумирал морфиум.

Под дејство на дрогата, американскиот боксер мислел дека проститутките сакале да го ограбат и поради тоа ги претепал.

-Никогаш не сакам да лежам на креветот од хотелска соба, без разлика дали покрај мене лежи куче или проститутка. Ова навистина е темна епизода во мојот живот. Во хотелска соба, покрај мене седум жени, тука е морфиумот, кокаинот, некакви апчиња слични на вијагра, мојата марихуана и коњак, вели Тајсон кој притоа продолжува:

-Тогаш го допрев дното. Бев параноичен, мислев дека тие жени сакаат да ме ограбат и вознемируваат. Почнав да ги удирам, бев во темен простор. Не сакав да ја предадам мојата душа, тогаш го допрев дното и благодарем сум што сега сум тука, заврши Мајк.

Тој како што вели сега не користи кокаин. Чист е како што вели веќе три години.  Мајк Тајсон ќе се врати во рингот на 12 септември против Рој Џонсон Џуниор.