Connect with us

Ракомет

Талески: „Кога тргнавме накај Вараждин сѐ се сврте наопаку“

„Црвено-жолтите“ го завршија настапот на Европското првенство со висок пораз од 20-31. Избраниците на Раул Гонзалес пружија отпор само едно полувреме против олимпискиот шампион Данска.

Во вторите 30 минути, Македонија потфрли а противникот не се штедеше и на крајот славеше со +11.

„Ова е едно огромно искуство за нас. Не се надевав на вакви падови кои ни се случија на последните два натпревари, ниту пак дека по првата фаза ќе пренесме три бода и ќе се носиме со репрезентации како Словенија и Германија. Кога тргнавме накај Вараждин сѐ се сврте наопаку. Можеби и среќата ни го сврте грбот. Денеска го дадовме максимумот во првото полувреме, а потоа одново покажавме дека не можеме да издржиме до самиот крај. Ова е поука како не треба да правиме во иднина. Мораме во исто темпо да играме 60 минути“ – рече Филип Талески по крајот на средбата.