Connect with us

Фудбал

Татко му ја убил мајка му, а тој ги „ликвидираше“ сите на терен

На никој од напаѓачите на светските фудбалски репрезентации не им било сеедно кога кон крајот на дваесетите години од минатиот век морале да се сретнат со селекцијата на Данска. Причина за тоа е што на спротивната страна од теренот како последен играч за врска бил Стиг Тефтинг, кој се водел од добро познатата изрека „топката може да помине, но играчот никако“.

Кога бил лут, го тепал кој ќе му дојде при рака, од соиграчи, противници, навивачи, па се до папараците поради кои еден ден завршил во ледена река. Популарната „Косилка“ одредено време минал и зад решетки, а воедно бил член на банда и голем фан на данскиот фудбалски клуб Архус. Суров, силен и со лудачки изглед, влеваше страв во коски каде и да се појавеше. Со топката имаше малку познавање, но незнаењето го надополнуваше со одличната подготвеност, „животинската“ сила и добрата одлучност. Многумина би го споредиле со сегашниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, кој во играчката кариера многу потсетува на особините кои ги имал Тифтинг, но Данецот бил за нијанса полуд.

Во кариерата, Стиг одиграл 42 репрезентативни натпревари и останал засекогаш запаметен во срцата на навивачите во сите клубови за кои настапил. Додека играл за германски Хамбургер и англиски Болтон бил познат како вистински ѕвер на теренот, но и надвор од него, кој не бирал кого да испрати во болница.

Иако за екипата на Болтон играл само една полусезона, оставил трага на нозете на многу фудбалери, а потоа завршил и во затвор поради физички напад.

Инаку, овој фудбалер имал уште низа проблеми кога во прашање била неговата фамилија. Имено, татко му ја убил мајка му, а потоа самиот си пресудил, што можеби донело до немир во неговата глава, па затоа агресивноста ја истурал врз други.