Фудбал
Таткото на Кркиќ: Најсреќен би бил доколку мојот син преминеше во Црвена Звезда
Како гром од ведро небо одекна веста дека дресот на Црвена Звезда може да облече Бојан Кркиќ, фудбалерот кој некогаш го носел дресот на Барселона.
На Кркиќ не му оди баш најдобро во Стоук Сити и сака да го промени клубот, а луѓето кои се грижат за неговата кариера наводно го понудиа на Црвена Звезда, која после 27 години ќе игра во Лигата на шампионите.
После сите медиумски натписи се огласи таткото на Кркиќ, кој исто така се вика Бојан.
„Мојот син и јас сме големи Срби и големи „звездаши“, би бил најсреќен доколку Бојан заиграше за Црвена Звезда“ изјави таткото на Кркиќ за „SOS“ каналот, а потоа откри дека не е реално да се очекува трансфер.
„За жал, договорот со Стоук подразбира клаузула од 12 милиони евра, така да ова лето не преговаравме со никој од белградскиот клуб“.
Ова лето како заинтересирани за Кркиќ се спомнуваа уште Порто и Бенфика.