Фудбал
Таткото на Меси веќе е во преговори со Манчестер сити
Лондон, 26 август 2020 (МИА) – Таткото на капитенот на Барселона, Лионел Меси, Хорхе, кој истовремено е и агент на играчот, веќе започна преговори со Манчестер сити. Англиската страна ја претставува извршниот директор Феран Сориано, кој претходно беше претседател на Барса, пренесуваат медиумите во Англија.
Сити е подготвен да потпише двегодишен договор со 33-годишниот Аргентинец. За ова време, Меси може да заработи околу 100 милиони евра.
Самиот играч би сакал повторно да работи со Јосеп Гвардиола, кој ги предводи „граѓаните“. зс/