Connect with us

Фудбал

Тажна вест го потресе „калчото“: Легендата на италијанскиот фудбал боледува од рак

Италијанската спортска јавност деновиве се соочи со тажна вест, а тоа е дека легендарниот напаѓач на Сампдорија, Јувентус и Челси, Џанлука Вијали (54 години), има рак и дека веќе една година жестоко се бори со оваа ужасна болест.

Оваа информација ја објави самиот фудбалер и тоа во вид на животна приказна преточена во книга, која се надева дека ќе биде инспирација на другите си одентични проблеми.

„Најтешко ми беше да им кажам на луѓето од моето семејство, на родителите, браќата, сестрите, мојата сопруга Кетрин и на ќерките Оливија и Софија. Сознанието дека имаш рак ти носи некаков чуден срам, како сам да си виновен што си го добил“, вели Вијали.

Во неговата книга тој раскажуваа 99 различни приказни и пренесува 99 цитати кои го инспирираат во секојдневната борба за гол живот. Последните месеци ги минал на терапии и зрачења и неговото здравје сега е многу подобро.

„Мина една година и сега физички повторно се чувствувам како ѕвер. Но, сѐ уште не знам како овој натпревар ќе заврши на крајот. Само се надевам дека мојата приказна ќе послужи како инспирација на луѓето кои имаат големи дилеми за расчистување“, дополнува легендарниот напаѓач.

Покрај фантастичната играчка кариера, Вијали има и тренерско искуство, откако работеше како менаџер на клупата на Челси, а подоцна и на Вадфорд. За репрезентацијата на Италија одигра 59 натпревари.