Connect with us

Фудбал

Тажната приказна за првото летно засилување на Барселона

Младиот 19-годишен младински репрезентативец на Франција, Жан-Клаир Тодибо, на крајот од актуелната сезона ќе ги напушти редовите на Тулуз и својата кариера ќе ја продолжи во дресот на каталонскиот гигант Барселона. Ваквата информација и официјално беше потврдена од актуелниот шампион на Шпанија.

Тодибо ќе се пресели на “Ноу Камп” без никакво обесштетување затоа што на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч.

Централниот дефанзивец на почетокот од актуелната сезона беше прекомандуван во првиот тим на Тулуз, а на одиграните десет натпревари постигна и еден погодок. Тодибо треба да биде четвртиот Французин во редовите на Барселона, чиј дрес веќе го носат неговите сонародници Самуел Умтити, Клемент Ленгле и Осман Дембеле.

  • Беше 24 мај, имав само девет години. Го напуштив мојот дом, затоа што требаше да го одработам тренингот по џудо. Кога ја поминував улицата бев удрен од еден автомобил. Доживеав голема несреќа. Ги повредив двете нозе, имаше неколку скршеници. Се уште имам лузни на нозете, но тоа за мене е стара приказна, изјави Тодибо.

Францускиот интернационалец доби понуда и од Јувентус, Манчестер Сити, Борусија од Дортмунд и Ливерпул, но одлучи својата кариера да ја продолжи во редовите на Барселона.