Фудбал
Тен Хаг: Треба да бидеме поорганизирани
Манчестер Јунајтед загуби во градското дерби од Манчестер Сити во неделата, а по натпреварот Ерик тен Хаг вели дека пеналот ја промени играта.
„Игравме многу добро во првото полувреме, добро се браневме. Имавме добри периоди на игра, добри шанси, но не можевме да ги искористиме. Пеналот ја промени играта“, изјави Ерик тен Хаг за Би-Би-Си.
„Моравме агресивно да влеземе во вториот дел, сакавме да бидеме покомпактни. Знаевме дека и тие ќе не притиснат, дека ќе одат високо и директно“, додаде тој.
И кога играта му тргна од рацете на Јунајтед:
„По вториот гол. Тој дојде прерано и почнавме да донесуваме погрешни одлуки. Зборувавме за тоа да не ги стресуваме голманите кога е можно. Мислам дека првото полувреме беше онака како што сакавме да биде. Во вториот на 2:0 треба да се оди против нив и да се загуби од формацијата, а тие така лесно наоѓаат екстра човек. Треба да бидеме подобро организирани“, рече Тен Хаг и ги коментираше промените:
Се обидовме да бидеме поофанзивни, видовме дека оди напорно и се обидовме да внесеме нова енергија, но во тој момент веќе беше невозможно, 3:0, на пет минути до крајот“, заклучи менаџерот на „црвените ѓаволи“.