Connect with us

Други спортови

„Tennis.com“ го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер на деценијата

Од 16 грен слем трофеи кои ги има во своите витрини, дури 15 ги освои оваа деценија и е далеку пред најголемите конкуренти Роже Федерер и Рафаел Надал, од кои и повеќе време помина на првото место на АТП листата.

Новак Ѓоковиќ доби признание за неверојатните сезони во кои доминираше во изминатите години. Тој од почетокот на деценијата беше доминантен на тениските терени, во 2011 година за прв пат стана прв тенисер на АТП ранг листата и истата година успеа да освои три грен слем титули.