Connect with us

Фудбал

Тер Штеген разочаран од одлуката Нојер да биде прв голман во репрезентацијата

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, изрази жалење поради губењето на местото во првиот состав на германската фудбалска репрезентација.

На претстојното Светското првенство, прва опција на голманската позиција кај „панцерите“ ќе биде Мануел Нојер, кој ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда.

-Кога ја играте целата сезона на највисоко ниво, овој развој на настани не може да ве радува. Но, ќе се обидам да му помогнам на Нејер толку колку што ќе можам.

Германија на Мундијалот е во Ф-групата заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.