Фудбал
Тешка повреда на Французинот: Баерн не сака замена за Коман
Кингсли Коман претрпе сериозна повреда во првото коло од Бундеслигата и победата на Баерн над Хофенхајм. Сепак, тој нема да бараат замена на трансфер пазарот, изјави претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес.
Крилниот играч се очекува да пропушти три месеци по операцијата на глуждот што беше направено за време на викендот, но Хенес потврди дека Баерн нема да побара замена.
“Не правиме ништо повеќе”, изјави за германскиот “Sky Sport News”.
“Моментално сме посветени на тимот, иако ќе бидеме без Коман три месеци”.
Сонародникот на Коман, Ентони Марсијал, кој се смета дека е несреќен во Манчестер Јунајтед, беше меѓу играчите што се поврзуваше со Баерн. Според понатамошните извештаи, Јулијан Дракслер од Париз Сен Жермен и Леон Бејли од Баер Леверкузен исто така можеа да го зајакнат германските шампиони, но Баерн не размислува за тоа.